• петок, 16 мај 2025

Во Општина Карбинци се реконструираат повеќенаменски игралишта

Во Општина Карбинци се реконструираат повеќенаменски игралишта

Карбинци, 28 април 2025 (МИА) - Модерни и убави услови за спортување ќе добие село Радање во пресрет на празникот „Свети Кирил и Методиј“ најави денеска градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов. Тој истакна дека Општина Карбинци од денеска активно работи на поставување на таратан подлога на повеќенаменското игралиште во селото Радање, а предвидено е за најкус временски период истото да биде завршено. Целта на овој проект е грижата за најмладите, кој сакаат да спортуваат.

-Овде продолжуваат градежните активности во рамките на превиденото или Програмата на Општина Карбинци.Во овој момент работиме на изградба или поточно реконструкција на модерна тартан подлога на повеќе наменското игралиште во ова населено место. Ова значи дека ќе ги подобриме условите и во делот на спортската инфраструктура и во селото Радање.Познато е дека се организираат традиционален турнир во мал фудбал и сега еве продолжуваме во пресрет на празникот на селото „Свети Кирил и Методиј“, ќе имаат модерни услови за спортување, рече Паунов.

 Паралелно со ова во текот на наредните денови ќе започне и второто повеќенаменско игралиште во селото Карбинци со поставување на нова тартан подлога. Во моментот се работи и на изградба на поголема улица во село Таринци, се работи на доградба на детската градинка. Во следните денови се очекува да бидат потпишани и договорите од страна на Владата за новите проекти од кредитот од Унгарија. вдј/

Фото: МИА

 

Остани поврзан