Во Општина Карбинци се реконструираат осум улици
- Во Општина Карбинци почна асфалтирањето на осум улици, со средства од општинскиот буџет. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов денеска изјави дека градежната оператива работи во селото Карбинци, а наредните денови ќе продолжи во селата Аргулица, Таринци и Горни Балван. Посочи дека вкупната вредност на проектот изнесува четири милиони денари.
Карбинци, 10 септември 2025 (МИА) – Во Општина Карбинци почна асфалтирањето на осум улици, со средства од општинскиот буџет. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов денеска изјави дека градежната оператива работи во селото Карбинци, а наредните денови ќе продолжи во селата Аргулица, Таринци и Горни Балван. Посочи дека вкупната вредност на проектот изнесува четири милиони денари.
-Ова е во рамките на Програмата и план за работа на Општина Карбинци предвидено за 2025 година. Продолжуваме со изградбата на оние осум улици, од кои што пет се во селото Карбинци, а денес започнуваме со оној финален дел за завршување на самите улици, односно асфалтирањето на истите. Овие вкупно осум улици во Општина Карбинци се целосна финансиска обврска, односно финансирањето е од страна на Општина Карбинци, во висина од четири милиони денари. Се работи за улици, кои што се пет во селото Карбинци, една во селото Аргулица, една улица во селото Таринци и една во селото Горни Балван, изјави Паунов.
Дел од улиците се очекува да бидат завршени во текот на денешниот и утрешниот ден. Потенцираше дека и останатите ќе бидат готови во следниот период. Со ваквата инвестиција, како што дополнително истакна градоначалникот Паунов, се очекува да се подобри патната инфраструктура во општината, со што жителите би имале подобри услови за живот. вдј/аа/
Фото: МИА