• петок, 05 декември 2025

Во Општина Илинден четврта седница на штабот за заштита и спасување

Во Општина Илинден четврта седница на штабот за заштита и спасување

Скопје, 1 јули 2025 (МИА) - Во Општина Илинден денеска се одржа четврта седница на Штабот за заштита и спасување, каде фокусот беше ставен на моменталната состојба со високите температури, преземање на превентивни мерки за заштита од евентуални пожари на територија на општината, како и заштита од можни поплави кои можат да настанат поради нестабилност на временските услови.

Со седницата раководеше градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, а покрај членовите од Штабот присуствуваа и претставници од јавните претпријатија од Општината како и претставници од ОКТА, Макпетрол, ТАВ, ПО Петровец, од Општинскиот противпожарен сојуз на Илинден, како и АД Водостопанство.

Како што информираа од Општина Илинден, на оваа седница беа дадени и препораки за спречување на настанување и за отстранување на последиците од природни непогоди и други несреќи.бт/са/

Фото: Општина Илинден

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан