• петок, 05 декември 2025

Во Општина Илинден се одржа 11. турнир во мал фудбал „Мршевци 2025“

Во Општина Илинден се одржа 11. турнир во мал фудбал „Мршевци 2025“

Скопје, 28 август 2025 (МИА) - Во населеното место Мршевци синоќа се одржа единаесеттиот турнир во мал фудбал „Мршевци 2025“ на кој учествуваа 32 екипи, кои се натпреваруваа во осум групи по четири екипи во секоја група.

Како што информираат од Општина Илинден, на финалниот натпревар првото место го освоила екипата на „ЗИГ Керамика“, второто место „Глас Лукс“, трето место „ДхД Пеце„ и четврто место за „Компанија Атанасовски“.

За најдобар играч бил прогласен Марио Благоевски од екипата на ЗИГ Керамика, а за најдобар голман Филип Чазаревски. На финалниот натпревар со 6:2 победи екипана на ЗИГ Керамика наспроти екипата на Глас Лукс, а екипата на ДхД Пеце ја победи екипата на компанија Атанасовски со резултат 4:1. На финалната вечер се покажа фудбалски квалитет и вештини, безрезервна борба за екипите да се искачат на повисоко место.

Покрај спортскиот дел, во рамки на турнирот кој траеше во текот на август, имало и забавен дел во кој настапил Никола Станишиќ.

Општина Илинден и оваа година го поддржала турнирот, а градоначалникот Александар Георгиевски, кој бил присутен на финалниот натпревар, заедно со пратеничката Драгана Бојковска, директорот на ЈКП „Илинден“ Борче Мицановски и претседателот на Совет, Благоја Митровски, на најдобрите им ги доделиле пехарите и истакнал дека поддршката ќе продолжи и во иднина како за овој, така и за другите спортски настани. фф/бак/

Фото: Општина Илинден

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан