• четврток, 26 март 2026

Во Општина Дебар ќе бидат поставени бесплатни Wi-Fi точки

Во Општина Дебар ќе бидат поставени бесплатни Wi-Fi точки

Дебар, 30 август 2025 (МИА) - На три локации во Општина Дебар ќе бидат поставени бесплатни Wi-Fi точки, со што жителите и посетителите ќе имаат достапен бесплатен и квалитетен пристап до интернет, објави Општина Дебар.

-Со задоволство ве информираме дека Општина Дебар беше избрана на повикот на Европската унија WiFi4WB (Wi-Fi за Западен Балкан), иницијатива преку која ќе бидат поставени бесплатни Wi-Fi точки во 500 општини ширум Западен Балкан, стои во објавата.

Се додава дека WiFi4WB е дел од Планот за раст на ЕУ и поттикнува дигитална трансформација како клучен фактор за регионална поврзаност, каде сега ќе учествува и Општина Дебар.

-Wi-Fi точките ќе бидат поставени на јавни површини, односно на 3 локации во нашата општина, обезбедувајќи им на жителите и посетителите бесплатен и квалитетен пристап до интернет. Во наредниот период ќе следи техничка евалуација на локациите, а потоа ќе се изврши инсталација на Wi-Fi точките на територијата на нашата општина, информира општината.

Се посочува дека оваа иницијатива се спроведува преку програмата EU4Digital Action, која е финансирана од Европската Унија и Германското Федерално Министерство за економска соработка и развој (BMZ), а е имплементирана од Германската агенција за меѓународна соработка (GIZ). вт/бк/

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан