• петок, 23 август 2024

Во НУБ саем, работилница и изложба на колажи на меѓународната независна мрежа „ФИЈУК“

Во НУБ саем, работилница и изложба на колажи на меѓународната независна мрежа „ФИЈУК“

Скопје, 23 август 2024 (МИА) - Во Националната Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје  вечер од 17:00 до 22:00 часот ќе биде одржан петтиот саем и работилница за изработка на колажи на независната мрежа „ФИЈУК“.

Како дел од визуелната програма на саемот, ќе биде отворена изложбата „Ненаситни“, која по промоцијата во Белград (Србија), премиерно се поставуваво Скопје. Изложбата „Ненаситни“ е составена од над 30 уметнички колажи кои се резултат на ентузијастичносецкање и лепење на безброј постери собрани на улиците во Скопје, Виена, Братислава и многудруги локации на Балканот и Европа. По Скопје, оваа уникатна изложба ќе се претстави и пред публиката во Загреб (Хрватска), како дел од Охохо Фестивал. На настанот во НУБ ќе биде промовирана и арт книгата во сито печат „Ненаситни“.

 Саемот и изложбата ќе бидат збогатени со винил-сет на Владимир Муратовски - Дивои музички колаж на Јоана и Стражарот.
„ФИЈУК“ е меѓународна и самоодржлива иницијатива чија мисија е да поттикнува нова графичка и дизајнерска продукција на книги, постери, графики, фотографии, принтови, копии и цртежи и да ја зголемува видливоста  и побарувачката на локаните независни уметници и издавачи. Петтиот саем на „ФИЈУК“ во Македонија ќе ја презентира продукцијата на рекорден број од над 30 излагачи кои ќе ги претстават своите уметнички дела пред македонската публика. Изложбата е продажна.

„ФИЈУК“ е независна меѓународна мрежа иницирана од Колективот Матријаршија од Белград во 2015 година, која потоа успешно се шири земјите на Балканот и на Скандинавија.

Настанот во Скопје е во организација на Партизанска Штампа, Арт Еквилибриум, Гола Планина Колектив, со поддршка од НУБ „Св. Климент Охридски“.ад/са/

Остани поврзан