• недела, 22 декември 2024

Балканскиот поетски камп за деца и млади „Ванче Николески" во Мала Преспа

Балканскиот поетски камп за деца и млади „Ванче Николески

Пустец, 23 август 2024 (МИА) -  Активностите од шестиот Балканскиот поетски камп за деца и млади „Ванче Николески" денеска продолжија во Мала Преспа, во рамки  на  воспоставената прекугранична соработка помеѓу Здружението за литература и култура МАЦКОВО од Охрид и Организацијата за литературно и културно активирање од Корча.

- Учесниците, најнапред, имаа срдечна средба со градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, кој им посака пријатен престој,  со желби  повторно да дојдат во убавата Мала Преспа. Потоа  ја  посетија гимназијата „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“ исто така во Пустец, по што  беа во посета на музејот „Стерјо Спасе", во Глобочани, посветен на  познатиот албански писател со македонско етничко потекло, родум токму од ова село, рече за МИА, Васил  Стерјовски.

Во музејот, како што информира, била промовирана книгата „Американски сон" од авторот Ерис Руси.

- Музејот, станува се по посакувана дестинација за жителите од поширокиот регион, странски туристи, ученици. Секако стана место каде ние Македонците одржуваме културни настани, посочува Стерјовски.

На сите активности присуствувал и македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски. вт/лв/
 
Фото: Стерјовски ФБ

Остани поврзан