Во ноември 58,5 отсто од потрошената струја од домашно производство
- Лани во ноември во земјава вкупно се потрошени 699.451 мегават часови електрична енергија, 47,974 милиони нормални кубни метри природен гас, 319.373 тони јаглен и 102.983 тони нафтени продукт
Скопје, 25 јануари 2022 (МИА) – Лани во ноември во земјава вкупно се потрошени 699.451 мегават часови електрична енергија, 47,974 милиони нормални кубни метри природен гас, 319.373 тони јаглен и 102.983 тони нафтени продукти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, 58,5 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 94,4 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на струја.вј/са/