• понеделник, 25 ноември 2024

Во несреќа во рудник во Казахстан загинаа 16 рудари, 18 се повредени

Во несреќа во рудник во Казахстан загинаа 16 рудари, 18 се повредени

Астана, 28 октомври 2023 (МИА) - Шеснаесет рудари загинаа во несреќа во рудникот Костенко во Караганд, Казахстан, изјави шефот на администрацијата на регионот Караганда во Казахстан, Ермаганбет Булекпаев.

-Во рудникот денеска беше предизвикан пожар, кој, на наше големо жалење, доведе до смрт на 16 лица, а 18 лица се пренесени во болница со различен степен на повреди, напиша шефот на регионот на својата Фејсбук страница.

Тој прецизира дека на местото на несреќата има 40 спасувачи и 10 единици опрема.

Засега се водат како исчезнати 31 други рудари.

Претходно прес-службата на компанијата Арселормитал Темиртау, што е оператор на рудникот, информираше дека  во моментот на несреќата имало 252 лица. На површина излегоа 205 рудари. Се претпоставува дека дошло до експлозија на гас метан.

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев и нареди на својата влада денеска „да стави крај на инвестициската соработка“ со глобалниот челичен гигант Арселор Митал, по уште една фатална несреќа во еден од рудниците на групацијата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан