• недела, 22 декември 2024

Во некои сојузни држави на САД стапија на сила закони за ограничување на носењето огнено оружје

Во некои сојузни држави на САД стапија на сила закони за ограничување на носењето огнено оружје

Вашингтон, 2 јануари 2024 (МИА) - Со цел да се спречи се поголемиот број на масовни престрелки низ САД, од вчера во неколку американски сојузни држави стапија на сила закони за ограничување на носењето огнено оружје на одредени јавни и приватни места.

Во Калифорнија, на пример, законот потпишан од гувернерот Гевин Њусом забранува носење оружје на 26 места, вклучувајќи јавни паркови и игралишта, цркви, банки и зоолошки градини....Законот беше усвоен откако Сојузниот суд ја суспендираше забраната според која таквиот закон го прекршува правото на граѓанинот да чува и носи оружје, во согласност со Вториот амандман на Уставот на САД, пишува Гардијан.

 Во Илионис, пак, на сила стапи закон со кој се забранува продажба на неколку видови полуавтоматско јуришно оружје, вклучително и пушки АК-47 и АР-15, и магацини со повеќе од 10 куршуми за пушки и повеќе од 15 куршуми за пиштоли. 

Во сојузната држава Вашингтон на сила стапи законот што наложува 10-дневен период на чекање за купување на огнено оружје, а ќе биде неопходно купувачите пред да го купат да покажат потврда дека поминале безбедносна обука за ракување со огнено оружје. 

Законот што стапи на сила во Колорадо забранува употреба на т.н „пиштоли духови“, односно огнено оружје без сериски број или такви што се дома изработени. 

Во САД во 2023 година имало повеќе од 18.800 смртни случаи од огнено оружје, 36.200 повреди од огнено оружје и над 24.100 самоубиства со оружје. Во текот на изминатата година во земјата имало вкупно 655 масовни престрелки. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан