• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Неготино тркалезна маса ,,Да се соочиме со предизвиците и стигматизацијата"

Во Неготино тркалезна маса ,,Да се соочиме со предизвиците и стигматизацијата

Неготино, 28 март 2025 (МИА) - „Да се соочиме со предизвиците и стигматизацијата", е насловена тркалезната маса што денеска се реализира во Неготино,  посветена на семејства и организации на лица со попреченост, наспроти социјалните работници и институции од социјалната заштита. Тркалезната маса е настан во рамки на истоимениот проект, на Цивика мобилитас, што е финансиран од Владата на Швајцарија, а го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ Шведска.

-Во рамки на овој проект, отпочнавме дебата во Вардарскиот плански регион, но и во целото наше општество, ги соочуваме проблемите и предизвиците на лицата со попреченост од една страна со медицинската фела, социјалните работници и други општествени чинители од друга страна, особено во процесот на прифат и третман на лицата со попреченост во медицинските установи и други институционални установи во нашето општество. Во нашето општество веќе ги отворивме темите кои за некои граѓани и институции се едно големо табу, но за значен број наши сограѓани и организации се вистински предизвик да се справат со проблемите и пречките на животниот пат во секојдневието на своето работење и живеење, истакнаа организаторите на настанот.

Притоа нагласија дека овој круг на заеднички средби е посветен на соочување на организациите, лицата со хендикеп, нивни старатели, наспроти локалните институции и други чинители, што се во блиска корелација со проблемите и можните решенија за лицата со попреченост во целина.

- Радува фактот што голем број субјекти се присутни на овој настан посветен на правата на лицата со попреченост. ,,Порака" Неготино како организација што работи на подобрување на овие права, е позитивен пример за инклузија, работи на процесот на деинституционалузација уште од 2008 година. Општината секогаш дава помош и поддршка за овие лица, во рамките на можностите, подвлече Роза Јаневска, претседателка на Совет на Општина Неготино. свд/сст/


Фото : МИА

Остани поврзан