• недела, 24 ноември 2024

Во Неготино промовирана книгата „Со солзи по патот на судбината" од Диме Ристов - Кана 

Во Неготино промовирана книгата „Со солзи по патот на судбината

Неготино, 23 мај  2024 (МИА) - Книгата ,,Со солзи по патот на судбината" од авторот Диме Ристов - Кана, беше промовирана синоќа во Центарот за култура ,,Ацо Ѓорчев" во Неготино.  Станува збор за автобиографско дело, за животот на едно посвоено дете и предизвиците со кои се соочувало тоа дете и патот низ кој се градела неговата личност низ времето.

Издавач на книгата е градската библиотека ,,Феткин" од Кавадарци. Директорот на оваа културна установа, Петар Гурев, како промотор, рече дека даваат поддршка на авторите и литературните дела, па и на оваа автобиографија. Гурев нагласи дека книгата предизвикува изобилство на емоции. 

- Радувајте се на животот, дарувајте љубов и среќа, животот не е играчка во рака, порача меѓу другото, самиот автор. 

Извадоци од книгата, читаше Деспина Тодорова, ученичка во средното општинско училиште ,,Ѓорче Петров" во Кавадарци. свд/ир


Фото : МИА 

Остани поврзан