Во Неготино поставени телескопи преку кои се набљудува затемнувањето на Месечината
- Делумното лунарно затемнување на Месечината вечерва се набљудува и од Паркот на паднатите борци во Неготино. Телескопите се поставени од страна на регионалното еколошко друштво „Ековита".
Неготино, 7 септември 2025 (МИА) - Делумното лунарно затемнување на Месечината вечерва се набљудува и од Паркот на паднатите борци во Неготино. Телескопите се поставени од страна на регионалното еколошко друштво „Ековита".
- Станува збор за посебна вечер под ѕвезденото небо, го набљудуваме спектаклот на месечевото полузатемнување. Ја следиме трансформацијата на месечината. Имаме поставено телескопи на споменикот. Активноста е поддржана од Општина Неготино, појаснија од „Ековита".
Ваквите настани, како што појаснија, стануваат традиција во Неготино, поради интересот кај сите љубители на вакви активности. свд/бак/
Фото: МИА архива