Во Неготино одбележан празникот на лозарите и винарите „Свети Трифун“
- Со прием на делегации во работниот кабинет на градоначалникот, започнаа денешните активности организирани од Општина Неготино, по повод одбележувањето на празникот на лозарите и винарите Свети Трифун. На градскиот плоштад се одржа централниот настан со чинот на осветување на виновата лоза од страна на свештено лице од МПЦ и закројување на лоза, од страна на градоначалникот и министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.
![Во Неготино одбележан празникот на лозарите и винарите „Свети Трифун“](https://mia.mk/images/20250214155741_big_730x400_58.webp )
Неготино, 14 февруари 2025 (МИА) - Со прием на делегации во работниот кабинет на градоначалникот, започнаа денешните активности организирани од Општина Неготино, по повод одбележувањето на празникот на лозарите и винарите Свети Трифун. На градскиот плоштад се одржа централниот настан со чинот на осветување на виновата лоза од страна на свештено лице од МПЦ и закројување на лоза, од страна на градоначалникот и министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.
Тие посакаа годинава родот да биде квалитетн и богат, лозарите да добијат добри цени и навремена исплата, а винариите да произведат квалитетни вина и ракии.
На централниот настан беа доделени признанијата и наградите на најуспешните индивидуални производители на вина и ракии од општина Неготино, а по одржаниот натпревар со дегустација, на кој пристигнаа над 60 мостри ракии и бели, црвени и розе вина, што пак беа оценувани од комисија составена од енолози. Награди беа доделени и по распишаниот ликовен конкурс за учениците од трите училишта во градот и тоа за прво, второ и трето место, како и признанија и награди по литературниот конкурс на тема ,,Свети Трифун".
Присутните на плоштадот имаа можност да дегустираат вина и ракии и други изложени производи, а се одржа и базар со ракотворби од ученици, со напомена дека собраните средства ќе бидат наменети за солидарни цели, т.е. за подигнување на свеста на учесниците во сообраќајот. свд/
Фото : Општина Неготино