• понеделник, 08 декември 2025

Во националниот парк Шар Планина најдени незаконски исечени букови дрва за огрев

Во националниот парк Шар Планина најдени незаконски исечени букови дрва за огрев

Тетово, 16 јули 2025 (МИА) - Националниот парк Шар Планина информира дека во заедничка акција на нивната ренџерската служба и Шумската полиција, над село Селце во заштитеното планинско подрачје е најдено и одземено незаконски исечено огревно буково дрво. Од НП Шар Планина соопштија дека локацијата потекнува од предел кој низ годините често бил зафатен од пожари.

- Потсетуваме дека и за опожарените површини важат истите законски правила. Според Законот за шуми, сечата и транспортот на дрвна маса се дозволени само со соодветно одобрение. Против непознатиот сторител е поднесена пријава, а институциите ги преземаат сите потребни мерки, се вели во соопштението на Јавната установа НП Шар Планина

Од таму во денешното соопштение се осврнуваат и на тоа зошто е важно сечата да биде под надзор на стручни лица.

- Сеча на дрвја без стручна процена е сериозен ризик-не само за шумата, туку и за луѓето. Маркирањето од страна на шумарски стручњаци е неопходно поради зачувување на шумскиот екосистем, превенција од ерозија. Законска и економска контрола маркирањето овозможува прецизна процена на количината на дрвна маса, праведно наплатување при сеча и заштита од незаконско сечење и шумска кражба, велат стручните лица од Националниот парк.

Заштита на биодиверзитетот е важно за некои дрвја кои живеалиште за ретки видови птици, инсекти или габи, оценуваат стручните лица од паркот. ас/сст/
фото НП Шар Планина 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан