• недела, 15 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во напади во Сомалија загинаа десетици милитанти на Ал Шабаб

Во напади во Сомалија загинаа десетици милитанти на Ал Шабаб

Могадишу, 17 април 2025 (МИА) - Во воздушен напад на сомалиските сили загинаа 12 милитанти на Ал Шабаб во централниот дел на земјата, додека други 35 борци од групата загинаа во напад на војската во југозападниот дел на земјата, соопшти денеска сомалиската Влада.

Воздушниот напад дојде неколку часа откако борците поврзани со Ал Каеда, кои водат бунт од 2007 година, нападнаа стратешки град во тоа подрачје.

Ал Шабаб минатиот месец кратко време зазеде села на околу 50 километри од Могадишу.

Сомалиската влада соопшти дека високи членови на Ал Шабаб се меѓу загинатите во воздушниот напад, извршен од сомалиските сили во соработка со Африканската команда на војската на САД.

„Во нападот е погоден објект што милитантите го користеле како засолниште и место за собирање... Немаше цивилни жртви“, соопшти сомалиското Министерство за информации на Икс. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан