• четврток, 26 март 2026

Во Музеј галерија Кавадарци отворена изложба на слики од академскиот сликар Трајче Чатмов

Во Музеј галерија Кавадарци отворена изложба на слики од академскиот сликар Трајче Чатмов

Кавадарци, 4 октомври 2025 (МИА) - Слики од академскиот сликар Трајче Чатмов, се дел од изложбата што синоќа  беше отворена во Музеј галеријата во Кавадарци. 

На настанот беше кажано дека Трајче Чатмов, роден 1971 година, е еден од водечките современи  македонски сликари. Слика на разни тематики и во различни уметнички техники. 

Чатмов има реализирано бројни самостојни изложби во земјава и странство, а учествувал и во групни изложби на уметнички дела. 

Настанот беше збогатен со настап на дуото Тиана и Дани.свд/

Фото: МИА

Остани поврзан