• сабота, 21 декември 2024

Во Москва парада по повод Денот на победата

Во Москва парада по повод Денот на победата
Москва, 9 мај 2021 (МИА) - По повод 76-годишнината од крајот на Втората светска војна, на Црвениот плоштад во Москва се одржува Парадата на победата. Рапорт за почетокот на парадата на претседателот на Русија, Владимир Путин, му поднесе министерот за одбрана, генерал на армијата Сергеј Шојгу. epa09186879 Russian servicewomen march in formation during the Victory Day military parade in the Red Square in Moscow, Russia, 09 May 2021. Russia holds its Victory Day parade annually on 09 May to mark the surrender of Nazi Germany in 1945.  EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV Парадата, на која учествуваат повеќе од 12.000 војници, ја предводи Врховниот командант на копнената армија, армискиот генерал Олег Саљуков. - Секогаш ќе се сеќаваме дека големата победа над нацизмот ја постигна советскиот народ. Во најтешкото време на војната, во одлучувачките битки кои го одредија исходот од борбата против фашизмот, нашиот народ беше сам, сам на макотрпниот, херојски и пожртвуван пат до победата, рече Путин за време на говорот на Црвениот плоштад, по што се одржа едноминутно молчење. Путин истакна дека „Русија одлучно ќе ги штити своите национални интереси и дека нема прошка за оние кои смислуваат агресивни планови“. Русија го слави Денот на победата на 9 мај, за разлика од повеќето европски земји кои го одбележуваат крајот на Втората светска војна во Европа на 8 мај. Ова произлегува од фактот дека крајот на сите борбени активности беше објавен во 23:01 часот по средноевропско време, а временската разлика во Советскиот сојуз падна еден ден подоцна.  Паради се одржуваат и во многу градови во Русија, а поради пандемијата на коронавирус, акцијата „Бесмртен полк“ ќе се одржи онлајн, втора година по ред. Минатата година, Парадата на победата во Москва беше одложена за 24 јуни, поради пандемијата на коронавирусот. паг/  

Остани поврзан