Во Митрашинци одбележана 81-годишнината од формирањето на 50-та дивизија на НОВ и ПОМ и 14-та младинска ударна бригада „Димитар Влахов“
- Во беровското село Митрашинци одбележани 81-годишнината од формирањето на 50-тата дивизија на НОВ и ПОМ и 14-тата младинска ударна бригада „Димитар Влахов“.
Берово, 20 септември 2025 (МИА) – Во беровското село Митрашинци одбележани 81-годишнината од формирањето на 50-тата дивизија на НОВ и ПОМ и 14-тата младинска ударна бригада „Димитар Влахов“.

Свеченоста започна со едноминутно молчење во чест на загинатите борци и револуционери, по што делегации од општествениот и политичкиот живот положија свежо цвеќе пред споменикот во селото.
Во пригодниот говор беше потсетено на историското значење на формирањето и дејствувањето на дивизијата, како и на борбениот дух и непокорливоста што ја продолжуваат традицијата на разловечките востаници, кресненските бунтовници и илинденците – идеали кои го трасирале патот кон создавање на независна и самостојна држава.
Во рамките на програмата, настапија и учениците од подрачното училиште во Митрашинци при ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ – Берово. вс/дма/
Фото:МИА