Во Минск средба Лавров – Додик
- Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека „на маргините на III Минска конференција за евроазиската безбедност разговарал со лидерот на босанските Срби, Милорад Додик“
Минск, 28 октомври 2025 (МИА) – Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека „на маргините на III Минска конференција за евроазиската безбедност разговарал со лидерот на босанските Срби, Милорад Додик“.
Лавров и Додик изразија принципиелна поддршка за Општиот рамковен договор за мир во Босна и Херцеговина (Дејтонски договор) од 1995 година, кој останува единствена одржлива рамка за мир и безбедност во земјата и поширокиот регион на Западен Балкан, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се додава и оти Лавров и Додик ја потврдиле посветеноста за зајакнување на партнерството меѓу Русија и Република Српска. ми/
Фото: Руско МНР