Во Македонска Каменица во тек активности за пробивање нови земјени патишта во селските средини
- Во Македонска Каменица во тек se градежни активности за пробивање нови земјени патишта во селските средини. Со активностите, како што информираше градоначалникот Димчо Атанасовски, опфатени се селата Костин Дол и Вратиславци.

Македонска Каменица, 25 април 2023 (МИА) - Во Македонска Каменица во тек se градежни активности за пробивање нови земјени патишта во селските средини. Со активностите, како што информираше градоначалникот Димчо Атанасовски, опфатени се селата Костин Дол и Вратиславци.
- Пробиваме нов земјен пат од месност „Штабо" во Костиндол до Манастир „Св.Петка" и Балтачко маало, Вратиславци. Овој предел со децении е заборавен и со изградбата на овој пат овозможуваме пристоен пристап до манастирот, истакна Атанасовски.
Инвестициите во село Костиндол, најави градоначалникот на Македонска Каменица, ќе продолжат и во наредниот период.

- Целта е да создадеме подобрени услови за живот на локалните жители. Паралелно продолжуваме со инвестиции во сите рурални средини, додаде Атанасовски.
Воедно, деновиве во село Моштица, како што додадоа од Општината, во тек е изградба на нов канализационен систем, а подготвени се уште неколку проекти кои најавија дека ќе бидат реализирани до крајот на оваа година. вс/цр
Фото: МИА