• четврток, 27 јуни 2024

Во Лион четири лица се повредени во напад со нож, уапсен е Мароканец

Во Лион четири лица се повредени во напад со нож, уапсен е Мароканец

Лион, 26 мај 2024 (МИА) - Четири лица се повредени денеска во напад со нож во метрото во Лион при што е уапсен 27-годишен Мароканец.

Локалното обвинителство соопшти дека повредените не се во животна опасност.

„Осомничениот од мароканска националност и на возраст од 27 години претходно не и е познат на полицијата, но неколку пати бил хоспитализиран поради психијатриски проблеми“, соопшти полицијата.

Неименувани полициски извори за француски медуми изјавија дека нема елементи што би укажувале дека станува збор за терористички акт. зш/

Остани поврзан