• петок, 22 ноември 2024

Во Кумровец се одржува манифестацијата Ден на младоста-радоста

Во Кумровец се одржува манифестацијата Ден на младоста-радоста

Загреб, 27 мај 2023 (МИА) - Денот на младоста- радоста, денеска во хрватскиот град Кумровац, според организаторите, собра илјадници луѓе од сите земји на поранешна Југославија, дојдени „да му оддадат почит на војсководецот и државник Јосип Броз Тито“.

Настанот го организираа Сојуз на здруженија „Јосип Броз Тито“ и Здружението на антифашистички борци и антифашисти на Република Хрватска во соработка со општина Кумровец и Крапинско-загорската жупанија, пренесува Вечерњи лист.

Претседателот на Сојузот на антифашистичките борци Фрањо Хабулин рече дека би сакал да се избегнуваат политички говори и денешната свеченост да биде посветена на младите кои се гаранција за развој и напредок. Јован Вејновиќ, раководител на Сојуз на здруженија „Јосип Броз Тито“, истакна дека тие се занимаваат со „евоцирање факти, достигнувања, реалност, а не митологија и покривање на споменици со церада“.

Градоначалникот на општина Кумровец, Роберт Шплајт, истакна дека нивната цел не се идеологии или приказни поврзани со историјата, кои, нагласува, привлекуваат зли мисли, туку сака луѓето во Кумровец да се забавуваат и што повеќе млади луѓе да дојдат на Денот на младоста - радоста.

„Секоја година месец мај ги буди тие контра мисли и некоја десничарска ситна политика, каде  секогаш им пречи и секогаш е виновен нашиот кумровчанец Јосип Броз Тито. Не го сакаме тоа овде во Кумровац, вели Шплајт. ссм/

фото: Јутјуб Вечерњи лист/принтскрин

 

Остани поврзан