• среда, 26 јуни 2024

Во кумановската населба Бедиње работник пронашол минофрлачка граната

Во кумановската населба Бедиње работник пронашол минофрлачка граната

Скопје, 23 февруари 2024 (МИА) - Во СВР Куманово, Ш.Б.(55) од село Отља, општина Липково, вчера пријавил дека во населба Бедиње во Куманово, при извршување работни задачи со работна машина на пат, пронашол граната.

Пиротехничар од Дирекцијата заштита и спасување, како што соопштија денеска од МВР, ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за корозирана минофрлачка граната калибар 120 мм.

Увид извршила екипа од СВР Куманово. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан