• понеделник, 13 мај 2024

Во Куманово санкционирани 63 возачи поради брзо возење

Во Куманово санкционирани 63 возачи поради брзо возење
Куманово, 30 јули (МИА) - СВР Куманово изрече 63 санкции за пребрзо возење, соопшти денеска МВР. Засилената акциска контрола, полициските службеници ја спровеле денеска за период од осум часа, од 14 до 20 часот. Од полицијата најавија дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови. - Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, повикаа од Министерството за внатрешни работи.ам/бт/

Остани поврзан