• петок, 05 декември 2025

Во Куманово работна средба за заштита од пожари со претставници од противпожарната бригада на покраината Тирол, Австрија

Во Куманово работна средба за заштита од пожари со претставници од противпожарната бригада на покраината Тирол, Австрија

Куманово, 13 мај 2025 (МИА) - Претставници од локалната власт на Куманово и на територијалната противпожарна единица денеска во просториите на општината остварија работна средба со претставници од Австрија, за реализација на развојниот план и програмските активности, за заштита од пожари на територијата на Општината.

- Во пријателска атмосфера, беше нагласена успешно воспоставената комуникација и соработка со претставниците од Австрија, започната во изминатиот период, која резултираше со низа проектни активности од витално значење за граѓаните на Куманово, особено од областа на противпожарната заштита, информираше денеска кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

На состанокот присуствуваа, раководителот на одделението за стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР, Донка Петровска, командирот на ТППЕ Куманово, Деан Илиевски и претставници од противпожарната бригада на покраината Тирол, Петер Логер, раководител на делегацијата и проект менаџер на програмата за поддршка на тиролската противпожарна бригада и Јоханес Пап, заменик командант и експерт од оваа област.

Минатата година, претставници од општината и ТППЕ Куманово остварија работна средба во Австрија каде се информираа за програмските активности за заштита од пожари во Тирол. ам/цр


Фото: Општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан