• четврток, 26 март 2026

Во Куманово одбележани 80 години македонски Црвен крст

Во Куманово одбележани 80 години македонски Црвен крст

Куманово, 13 март 2025 (МИА) - Општинската организација на Црвен крст Куманово синоќа со свечена академија, доделување награди и признанија одбележа 80 години од постоењето. На академијата беше истакната историската улога на Црвен крст низ годините, во обезбедување на хуманитарна помош и поддршка на граѓаните, особено во кризни состојби и временски непогоди.

- Имаме повеќе причини за задоволство, горди сме што во овој период организацијата е една од водечките во хуманитарниот сектор и организација која секојдневно придонесува за доброто на луѓето за подобрување на квалитетот на животот и организација. 80 години е голем јубилеј, малку се организациите во државата кои прославуваат таков јубилеј. Ние велиме за нас дека сме врсници односно современици со државата затоа што толку нашето постоење датира некаде во 45-та кога е формирана денешнава држава, изјави генералниот секретар на Црвен крст на Саит Саити.

Црвениот крст го следи развојот и се приспособува кон потребите на државата на локалната заедница. На вчерашната академија беа презентирани делата на Црвениот крст, улогата што ја имал во одредени периоди во земјава.

Предизвик за надлежните во идниот период останува следењето на современите текови на општеството.

Претседателот на кумановската организацијата доктор Нухи Јусуфи ја истакна улогата на Црвениот крст во Куманово за времена по блиското минато, како што беше ковид кризата, успешното справување со тогашните преедизивци, улогата на организацијата при несреќи.

- Кумановскиот црвен крст е една од најголемите општински организации и особено важно е што имаме многу млади. Тие ја препознаваат нашата улога, имаат доверба и се пријавуваат, истакна д-р Јусуфи.

Изминатиот период одлична е соработката со локалните власти на Липково и Стар Нагоричане. Последниве години драстично е зголемен бројот на крводарувања во Липково. На академијата беа доделени признанија за успешна соработка на општинските власти,соработници, компании. Свеченоста во Куманово е дел од серијалот јубилејни манифестации и активности што ќе се заокружат со централната прослава  во Скопје. ам/цр


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан