Во Крива Паланка се одржа трибина со кадидатите за градоначалници и носители на листи за советници
- Приоритетите на граѓаните на Крива Паланка собрани од страна на Форумот за граѓански дијалог и соработниците од Регионален центар за соработка „Спектар“, вечерва беа претставени на јавна трибина со кандидатите за градоначалници и носители на советнички листи.
Крива Паланка, 10 октомври 2025 (МИА) – Приоритетите на граѓаните на Крива Паланка собрани од страна на Форумот за граѓански дијалог и соработниците од Регионален центар за соработка „Спектар“, вечерва беа претставени на јавна трибина со кандидатите за градоначалници и носители на советнички листи.
На трибината што се одржа во НУ Центар за култура присуствуваа кандидатот за градоначалник на Крива Паланка и актуелен градоначалник до СДСМ, Сашко Митовски, носителот на советничката листа од СДСМ, Миле Трајковски и ностиелот на советничката листа на ЗНАМ, Мартин Додевски, додека не се одзваа на поканата кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Алексовски и носителите на советнички чисти до Левица и „Коалицијата „Искуство за успех“.
По претходен процес на конуслтативни средби со различни целни групи што ги организираше РЦС „Спектар“, во септември и на почетокот на месецов, беа сублимирани граѓанските приоритети кои денес беа презентирани на кандидатите, а присутните граѓани имаа можност да ги слушнат ставовите, визиите и плановите на кандидатите и да проверат дали граѓанските приоритети се и нивни приоритети.
На овие реални прашања модераоторот Огнен Јанески побара од присутните искрени одговори бидејќи граѓанскиот глас е најважен.
Граѓаните побараа одговори за клучните приоритети: се почесто заматената вода за пиење во системот за водоснабдување, изградба на капела на старите градски гробишта, изградба на пречистителна станица на Крива Река, сообраќајниот метеж и недостиг на паркинг места, отворено беше прашањето за монжно отворање за сообраќај на плоштадот, негодувањето за воведување зонско апркирање во централното градско подрачје, немањето јавен градски превоз до соседните рурални средини и Ранковце, основање индустриска зона, изгардба на дом за стари лица и проблемот со опасност од уривање на стари куќи во старата градска чаршија.
По прашањето за заматената вода за пиење Митовски елаборираше дека најголем проблем е, според него, штетнито договор за јавно приватно партнерство од 2013 година со кој под концесија од 30 години е даден водоснабдителниот систем од Калин Камен, а ЈП Комуналец трпи огромни трошоци за одржување, но, посочи, водата се заматува и поради користење вода за пиење во големи количини летниот период за наводнување, што го намалува притисокот.
-Општината е заложник на овој договор за ЈПП, а имаше изминатата година и две големи хаварии на системот, што подразбира овој договор е злоупотреба на јавнито интерес, рече Митовски.
Тој ги наведе проектираните нови водоводни линии за водовод од Калин Камен, должина 10 километри и вредност 40.000.000 денари за кој ќе се бараат извори за финансирање, нова линија во Конопница, Вирови –Грамаѓе и нова мрежа од Крива Паланка до Конопница, како и за мождивњак, 11 километри, со зафаѓање извори од село Каврак.
Додевски од ЗНАМ посочи дека во програмата се проекти за зафаќање извори во Мартиница, Мождивњак и Конопница, висока зона и Селска Река, сите по левиот брег.
Трајковски нагласи дека фабриката за вода не е во функција, а истата е скапа инвестиција, така што општината во следниот период ќе размислува и на обезбедување техничка вода за да се намали потрошувачката во водоснабдителниот систем.
-Во изминатиот период општината покажа дека може, умее и знае да ги преземе обврските за реализација на проекти за граѓаните и доколку не со буџетски средства, секогаш изнаоѓа и национални програмски средства за да инвестира во реализација на истите, што ќе продолжи и во периодот од наредните гоидни, доколку граѓаниет ни ја дадат довербата, порача Трајковски.
По прашањето за пречситителна станица Додевски нагласи дека ќе се детектираат сите диви канализации, за решавање на проблемот, додека Митовски посочи дека е обезбедена проектна документација вредна 6.000.000 денари од МЖС, за пречистителна станица, но истиот би требало да се реализира по фази, со оглед на неговиот финансиски габарит.
Се дискутираше и за катните гаражи, зонско паркирање, проблемот со паркирање на тротоарите, за што Додевски изрази надеж дека совеста на гарѓаните ќе проработи со safe city –камери.
-Секој денар од буџетот треба да биде испланиран и тоа ќе го правиме во наредниот мандат, за сите средства од граѓаните да бидат правилно вложени во проекти од корист на сите граѓани, додаде Трајковски.
Додевски рече дека ЗНАМ ќе се залага за фискална транспарентност, економски инвестиции, поддршка на руралните средини и воведување на гасот како енергенс, но и зачувување на културното, историско и археолошко богатство на регионот.
-Во еден мандат покажавме како може да се транформира еден град во позитивна смисла и да биде пример по многу параметри во државата. Овој континуитет треба да се одржи, а ние тоа го нудиме како партија, СДСМ има млади, амбициозни луѓе кои умеат тоа да го продолжат, рече Митовски.
Трибината во Крива Паланка ја организираше РЦС Спектар со подршка од НВО Инфоцентар, во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, финансиран од Улоф Палме и Шведската амбасада.ид/вј/
Фото: МИА