• вторник, 16 април 2024

Во Крива Паланка одржан општинскиот натпревар за млади библиотекари

Во Крива Паланка одржан општинскиот натпревар за млади библиотекари

Крива Паланка, 17 март 2023,( МИА) - Во организација на библиотеката Кочо Рацин од Крива Паланка што работи во рамки на Националната установа „Центар за култура Крива Паланка“ се одржа 11-от општински натпревар за млади библиотекари на кој учествуваа осуммина основци.

Учениците учествуваат на натпреварот пријавувајќи се преку наставниците по македонски јазик и литература, а полагаат на прашања од прирачникот за библиотекарство.

- Учениците полагаа на материјалот од прирачникот за библиотекарство кој опфаќа период од првите писма и старите цивилизации, сѐ до современиот начин на библиотечно работење. Сите покажуваат солидни познавања во сите години на организација, а и годинава, информира раководителката на библиотеката "Кочо Рацин", Даниела Петровска.

Резултатите ќе бидат објавени во понеделник, а победникот се пласира на Републичкиот натпревар за млади библиотекари што годинава ќе се одржи на 11-ти мај во Кочани.

Организацијата на натпреварот е во соработка со Библиотекарското здружение на Северна Македонија. ид/сх/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан