• петок, 05 декември 2025

Во Крива Паланка излезеност од 16,85 отсто до 11 часот, во Кратово 16,26, во Ранковце 15,52 отсто

Во Крива Паланка излезеност од 16,85 отсто до 11 часот, во Кратово 16,26, во Ранковце  15,52 отсто

Крива Паланка, 19 октомври 2025 (МИА) – Процентот на излезеноста на локалните избори до 11 часот во Крива Паланка и двете останати општини до крајниот северо-исток на државата, Ранковце и Кратово се зголемил за околу десет проценти во однос на излезеноста до 9 часот и изнесува 16,85 отсто.

Од вкупниот број регистрирани гласачи во единствениот избирачки список 16 519, Општинската изборна комиисија соопштува дека гласале 2 784 граѓани.

Во Кратово излезеноста до 11 часот изнесува 16,26 отсто или од вкупниот број, од 7 438 со право на глас, гласале 1 208 граѓани, додека во Ранковце од вкупно 2 921 граѓани, до 11 часот гласале 453 или 15,52 отсто од вкупниот број гласачи.

Ова се осми по ред локални избори од независноста на Македонија на кои вкупно 1 832 415 граѓани кои на 3 474 избирачки места  ги одбираат градоначалниците и советниците што во следните четири години ќе ги водат општините во државата. ид/мд/

Фото: МИА 

Остани поврзан