• петок, 22 ноември 2024

Во Кочани и Чешиново-Облешево в сабота ќе гласаат 322 болни и изнемоштени и 20 лица во домашна изолација

Во Кочани и Чешиново-Облешево в сабота ќе гласаат 322 болни и изнемоштени и 20 лица во домашна изолација
Кочани, 28 октомври 2021 (МИА) - Уште 84 болни и изнемоштени лица од Кочани поднеле барање до Општинската изборна комисија за да гласаат во домашни услови на вториот круг од локалните избори за градоначалник. За гласање се пријавиле и 15 лица кои се во изолација поради Ковид-19. Од Комисијата информираа дека од вкупниот број поднесени пријави прифатени се 68, а останатите се одбиени поради неисполнети услови. Заедно со новопријавените, в сабота ќе гласаат уште 157 лица од вкупно 160, колку што ги имаше во првиот круг. Во меѓувреме три лица починале, поради што бројот на гласачи е намален. Во Чешиново-Облешево поднесени биле 36 нови пријави од болни изнемоштени, а ОИК прифатила 33 барања од нив, како и за пет лица кои се во ковид изолација. Во првиот круг беа прифатени пријавите за 64 болни и изнемоштени. Сепак, од Комисијата истакнаа дека еден ден порано за избор на градоначалник во оваа општина ќе гласаат 95 лица, со оглед што две од нив починале меѓу двата изборни круга. Во Кочани има вкупно 63 избирачки места, а в недела ќе се гласа на 60 локации, со оглед на тоа дека три места се со помалку од десет запишани избирачи кои ќе гласаат во соседното најблиско избирачко место. Во Чешиново-Облешево пак, ќе се гласа на 13 избирачки места, од кои две се во село Чешиново, а по едно во останатите населени места во општината. та/мс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан