Во Кочани врачени уверенијата на новиот градоначалник Грозданов и на советниците
- Во салата на Советот на Општина Кочани денеска им беа врачени уверенијата на новиот градоначалник на Кочани, Владко Грозданов и на членови на Советот на Општина Кочани, кои ги добија мандатите од граѓаните на Локалните избори.
Кочани, 10 ноември 2025 (МИА) - Во салата на Советот на Општина Кочани денеска им беа врачени уверенијата на новиот градоначалник на Кочани, Владко Грозданов и на членови на Советот на Општина Кочани, кои ги добија мандатите од граѓаните на Локалните избори.
Претседателката на Општинската изборна комисија, Билјана Димовска Гичева упати честитки на новоизбраниот градоначалник и на членовите на Советот, посакувајќи им успех во работата и посветено и одговорно извршување на функциите.

- Во името на Општинската избирна комисија и во мое лично име честми е што денес свечено ги доделуваме уверенијата на новоизбраните градоначалник и членови на Советот на Општина Кочани. Со ова го заокружуваме изборниот процес и ја потврдуваме волјата на граѓаните, изразена на демоктатски и транспарентен начин, рече Димовска Гичева.
Новиот советнички состав брои 19 членови, од кои осум од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, четврорица од независната советничка листа – група избирачи Благица Сабовлевиќ Стоименова, од СДСМ и коалицијата тројца, од независната листа – група Влатко Здравков двајца, еден советник од Движењето ЗНАМ и еден од група избирачи, Аќи Акиов. ис/дма/
фото: МИА