• вторник, 03 декември 2024

Во Киргистан уапсени седум луѓе под сомнение за организирање на државен удар

Во Киргистан уапсени седум луѓе под сомнение за организирање на државен удар

Бишкек, 13 ноември 2024 (МИА) – Во Киргистан уапсени се седум луѓе под сомнение дека планирале да организираат масовни немири за соборување на владата пред локалните избори в недела.

Под маската на националните спортски игри планираа да повикаат на акти на насилство, да упатуваат неуставни повици и да ја дестабилизираат ситуацијата за натамошно насилно преземање на власта на 17 ноември, се наведува во соопштението на МВР.

Помеѓу приведените има и неколку странски државјани, како и поранешниот заменик генерален обвинител. Во полициската акција запленети се оружје и муниција, како и 1.000 шишиња вотка.

На 17 ноември во Киргистан се одржуваат локални избори во неколку области.

Русија, која има воена база во близина на Бишкек, денеска објави дека е во постојан контакт со своите колеги во Киргистан во врска со безбедносната ситуација.

Киргистан, поранешна советска држава со околу седум милиони жители, лоцирана меѓу Кина и Казахстан, во изминатите години повеќе пати се соочи со граѓански немири, а последен пат во 2020 година по спорните парламентарни избори, што доведе до оставка на тогашниот претседател Суронбаи Женбеков. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан