Во Кина започна годишната седница на парламентот
- Во Кина денеска почна годишната седница на парламентот и тоа е главниот политички состанок на кој ќе бидат објавени амбициите на земјата за 2024 година, во позадина на „големата загриженост“ за невработеноста и економското забавување.

Пекинг, 4 март 2024 (МИА) - Во Кина денеска почна годишната седница на парламентот и тоа е главниот политички состанок на кој ќе бидат објавени амбициите на земјата за 2024 година, во позадина на „големата загриженост“ за невработеноста и економското забавување.
Засилени се безбедноста и надзорот на улиците на Пекинг за пристигнувањето на илјадници парламентарци кои учествуваат на две седници - на самиот парламент и на консултативното собрание.
Дебатите започнаа во 15:00 часот по локално време (7:00 часот по средноевропско време) со церемонија на отворање на која присуствуваше и кинескиот претседател. мс/
фото: МИА архива