• четврток, 26 март 2026

Во Киев средба Зеленски - Келог

Во Киев средба Зеленски - Келог

Киев, 12 септември 2025 (МИА) – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски на Телеграм објави дека на синоќешната средба во Киев со специјалниот пратеник на американскиот претседател Кит Келог разговарале за векторите на соработка и како „да се постигне мир и да се гарантира безбедноста н Украина“.

- Ова се одделни проекти во рамките на иницијативата PURL за финансирање на производството и купувањето на системот „Патриот“, силни билатерални договори за заедничко производство на беспилотни летала и оружје, што ѝ ги понудивме на Америка. Сметаме на позитивна реакција од САД, наведе Зеленски на Телеграм.

Тој додаде дека на средбата со Келог се разговарало и да се изврши притисок врз Москва „за да можеме што поскоро да разговараме за царинската политика и санкциите и што поскоро да се сретнеме на раководно ниво и да ја завршиме оваа војна“.

За Зеленски „несомнено најефикасен“ е трилатерален формат на лидери. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан