Во Карпош спроведена „Соседска патрола“ за превенција од насилство и ризично однесување кај младите
- Општина Карпош, во соработка со Полициската станица Карпош вчера спроведе превентивната акција „Соседска патрола“, насочена кон унапредување на јавната безбедност и спречување на девијантни појави кај младите.
Скопје, 9 јули 2026 (МИА) - Општина Карпош, во соработка со Полициската станица Карпош вчера спроведе превентивната акција „Соседска патрола“, насочена кон унапредување на јавната безбедност и спречување на девијантни појави кај младите.
Во акцијата учествуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, командирот на Полициската станица Карпош, Стефан Тасевски, началникот на Одделението за криминалистички работи Давор Дракуловски, инспектори за малолетничка деликвенција, униформирани полициски службеници и родители на малолетни деца.
-Патролата имаше превентивен и советодавен карактер и се спроведуваше на повеќе локации во општината каде што во вечерните часови најчесто се собираат младите, како што се паркови, спортски игралишта и угостителски објекти. Во рамки на партолата беа остварени непосредни разговори со младите, при што им беа упатени препораки за совесно и одговорно однесување во јавниот простор, чување на урбаната опрема и почитување на јавниот мир. Посебен акцент беше ставен на советите за превенција од меѓуврсничко насилство и злоупотреба на алкохол и други ризични однесувања- се наведува во соопштението од Општина Карпош.
Акцијата „Соседски патроли“ е активност која е дел од редовните превентивни активностите на Полициската станица Карпош и се спроведува во заедничка соработка со Општина Карпош, со цел јакнење на партнерството помеѓи институциите, родителите и локалната заедница.
Општина Карпош останува посветена на креирање безбедна средина за сите граѓани преку активности и соработка со сите надлежни институции. дма/са/
Фото: Општина Карпош