• петок, 05 декември 2025

Во Карбинци се реализира вториот инфраструктурен проект од унгарскиот заем 

Во Карбинци се реализира вториот инфраструктурен проект од унгарскиот заем 

Карбинци, 4 септември 2025 (МИА) – Со средства од унгарскиот заем, во карбинското село Таринци од денеска почна изградбата на нов влез и излез. Градоначалникот на Општина, Карбинци, Виктор Паунов вели дека станува збор за улица во должина од над половина километар, а чија изградба треба да заврши до крајот на септември. 

-Тоа е улицата со должина од 560 метри, која од денес па натаму започнуваме со реализација. Овој проект е поддржан од страна на Владата преку вториот повик од унгарскиот кредит, и од оние четири проекти ова е втор проект. Проектот е со вредност од седум милиони денари, изјави Паунов.

Во наредниот период треба да започнат со реализација и останатите два проекти кои се финансираат од страна на унгарскиот кредит. Ќе се уредуваат тротоарите во село Карбинци и ќе се осветли кејот на Козјачка река.

-Во следниот период ќе започнат со реализација и другите проекти кои се од овој пакет од страна на Владата. Тоа се тротоарите во село Карбинци и партерно уредување на влезот во село Карбинци, и вториот, односно четвртиот проект е осветлувањето на кејот на Козјачка река. Дополнително започнува еден проект, а тоа е доградбата на речното корито, рече Паунов.

Претходно започна со реализација првиот проект со средства обезбедени од унгарскиот заем, а тоа е уредување на одводниот канал „Герен“ со партерно уредување и изградба на мал плоштад во село Долни Балван. вдј/аа/

Фото: МИА 

Остани поврзан