• недела, 14 јули 2024

Во канцеларијата на Народниот правобранител во Куманово лани поднесени 124 претставки

Во канцеларијата на Народниот правобранител во Куманово лани поднесени 124 претставки
Куманово, 25 јануари 2022 (МИА) - Лани, во подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Куманово граѓаните од североисточниот регион поднеле вкупно 124 претставки, информираа денеска од канцеларијата. Висок процент, 116 постапки се завршени, за осум постапката е во тек. Најмногу претставки граѓаните од општините од североистокот поднеле за областа правосудство-извршители (постапување кон судови), казнено поправни установи, за полициско постапување, потрошувачки права, пензиско и инвалидско осигурување и социјална сигурност и заштита. Во останатите области по кои постапува Народниот правобранител регистрирани се помал број претставки. Најголем број претставки поднеле кумановци, по што следат жителите на Липково. Помал е бројот на поднесени претставки од жители на останатите општини - Старо Нагоричане, Крива Паланка, Ранковце и Кратово. Од канцеларијата на народниот правобранител Куманово најавија дека оваа година ќе ја обноват праксата која беше прекината поради пандемијата и ќе продолжат со средбите со граѓаните од Крива Паланка кои се одржуваа секој последен четврток во просториите на Општината. - Треба да се спомене дека, поголемиот број на посети на граѓаните не резултираат со писмена претставка од причина што не е мал бројот на граѓаните кои бараат устен правен совет од Народниот правобранител, без поднесување на претставка, а добар дел од граѓаните бараат помош и интервенција за случаи за кои Народниот правобранител, согласно законот, не е надлежен да постапува или во дадениот момент сè уште не се исполнети законски предвидените услови за покренување на постапка од страна на нашата институција, поради што не поднесуваат претставка, затоа што однапред знаат дека по истата нема услови за покренување постапка, изјави државниот советник на Народниот правобранител од подрачната канцеларија во Куманово, Гордана Тренчевска Ристовска. ам/оџ/

Остани поврзан