• недела, 22 декември 2024

Во Кавадарци со работилници одбележана недела на борба против ХИВ и СИДА

Во Кавадарци со работилници одбележана недела на борба против ХИВ и СИДА

Кавадарци, 6 декември 2024 (МИА) - Со работилници за подигнување на свеста, во Кавадарци беше одбележана неделата на борба против ХИВ и СИДА, информираа попладнево од кавадаречкиот Црвен Крст.

- Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Кавадарци, во месец  декември се вклучи во одбележувањето на Неделата за борба против ХИВ/СИДА и сексуално преносливи инфекции (СПИ) и тоа со низа активности, како презентации, предавања и работилници. Во  средните училишта се одржаа работилници за информирање на младите за тоа што претставува ХИВ/СИДА и СПИ, со цел подигање на свеста кај младите за заштита и превенција од нив, додадоа од оваа хуманитарна организација. 

Работилниците се одржале под менторство на стручно лице и обучен врснички едукатор.

- Притоа од страна на предавачот, на учениците максимално им беше одговорено на бројните прашања што беа поставувани од нив и појаснето во врска со темата, соопштија од Црвениот Крст. 

Оттаму нагласија дека на оваа тема планирани се и други работилници.свд/ар
Фото:Црвен крст Кавадарци 

 

Остани поврзан