Во Кавадарци се реализира европски проект за поголема вклученост на младите во демократскиот живот
- Во Кавадарци се реализира европски проект за млади „Академија за младински политики, вклучи се, поврзи се, поттикни“. Во рамките на денешните проектни активности, беше кажано дека целта е да ги зајакне вклученоста на младите во демократскиот живот и нивниот ангажман со носителите на одлуки, истовремено подобрувајќи ги капацитетите на младинскиот сектор, да работи транснационално, промовирајќи транснационално учење и соработка помеѓу младите луѓе и носителите на одлуки.
Кавадарци, 15 мај 2025 (МИА) - Во Кавадарци се реализира европски проект за млади „Академија за младински политики, вклучи се, поврзи се, поттикни“. Во рамките на денешните проектни активности, беше кажано дека целта е да ги зајакне вклученоста на младите во демократскиот живот и нивниот ангажман со носителите на одлуки, истовремено подобрувајќи ги капацитетите на младинскиот сектор, да работи транснационално, промовирајќи транснационално учење и соработка помеѓу младите луѓе и носителите на одлуки.
- Во Македонија политиките за млади се регулирани со законот за млади донесен во јануари 2020 година под името „Закон за младинско учество и младински политики“. Во септември 2023 година, Владата на Северна Македонија ја усвои новата Национална стратегија за млади 2023-2027, рече Роберто Паризов, претседател на еколошкото друштво „Еко живот“ од Кавадарци.

Тој додаде дека согласно Законот за младинско учество и младински политики, сите општини во Северна Македонија се обврзани да формираат локални младински совети и да донесат локална младинска стратегија.
На средбата беше кажано дека станува збор за двегодишен Ерасмус проект, спроведуван од конзорциум од седум организации, координиран од белгиска организација, а ,,Еко живот" од Кавадарци е еден од партнерите во проектните активности. свд/аа/
Фото : МИА