• понеделник, 23 декември 2024

Во Кавадарци се оценуваа вина во рамки на интернационален натпревар

Во Кавадарци се оценуваа вина во рамки на интернационален натпревар

Кавадарци, 4 февруари 2024 (МИА) - Во Кавадарци денеска се оценуваа вина во рамки на интернационален натпревар. Оценувањето беше од страна на стручни лица, во просториите на Вински музеј за регионот Тиквеш.

- Голем беше интересот за  интернационалниот натпревар за најдобри вина во Кавадарци, информираа од  Здружението за промоција на производи од грозје и вински туризам „Винотек“,  што го организира овој настан во соработка со Вински музеј, под покровителство на градоначалникот и локалната самоуправа.

Натпреварот се организира во чест на денот на лозарите и винарите Свети Трифун. 

-Станува збор за интернационална дегустација и оценување на мостри вина произведени од регистрирани производители, мали винарии и домашни индивидуални производители. Имаше повеќе категории за оценување. Млади вина од берба 2023 и тоа бели, розе и црвени, бели, розе и црвени мирни вина и најдобро странско вино, појаснија организаторите на настанот. 

Тие нагласија дека оценувањето на квалитетот  го вршеше стручна комисија. Се оценуваа сите доставени мостри, а ќе се доделат пехари, медали, дипломи и награди на најдобро оценетите три вина од секоја категорија. свд/мд/

Фото: Вински музеј

Остани поврзан