• петок, 22 ноември 2024

Во Кавадарци се градат неколку инфраструктурни објекти 

Во Кавадарци се градат неколку инфраструктурни објекти 

Кавадарци, 25 ноември 2023 (МИА) - Во Кавадарци се градат неколку инфраструктурни објекти, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Оттаму нагласија дека се случува експанзија на инфраструктурни објекти во Кавадарци, како никогаш досега. 

- Спортска сала во село Возарци, со корисна површина од 400 метри квадратни, инвестиција од 22.000.000 денари. Комплетна атмосферска и канализациска мрежа во село Возарци како и асфалтирање, инвестиција од 23.000.000 денари. Спортска сала во село Сопот, со корисна површина од 400 метри квадратни, инвестиција од 22.000.000 денари. Спортска сала во село Марена, во завршна фаза, со корисна површина од 400 метри квадратни, инвестиција од 22.000.000 денари, соопштија од кабинетот на Јанчев.

Притоа се додава дека се доградува кејот на реката Луда Мара до Општа болница Кавадарци, инвестиција од 45.000.000 денари, а планирана е и спортска сала во село Дреново, како и канцеларија за месната заедница, инвестиција од 35.000.000 денари. Регионалниот стационар за бездомни миленици е во завршна фаза, заедничка инвестиција на општините од Вардарски плански регион.

- За овие седум проекти инвестицијата изнесува вкупно 230.000.000 денари или 3,7 милиони евра. Општина Кавадарци и градоначалникот Митко Јанчев, не застануваат тука. Наскоро следуваат уште поголеми проекти. Преродбата на Општина Кавадарци продолжува, подвлекоа од кабинетот на Јанчев. свд/мд/

Фото: МИА архива и ФБ на Јанчев 

Остани поврзан