Во Кавадарци изложба на дела од меѓународната Радовишка ликовна колонија
- Изложба на дела од Меѓународната деветтата по ред Радовишка ликовна колонија, беше отворена вечерва во Домот на културата ,,Иван Мазов - Климе" во Кавадарци. Директорката на културниот дом, Јулијана Туруманџова рече дека стремежот кон приближување до светските современи ликовни тенденции, артикулирани преку апстрактниот пејзажизам и геометриската апстракција, ги обединува ликовните автори на делата претставени на оваа ликовна колонија.

Кавадарци, 13 август 2024 (МИА) - Изложба на дела од Меѓународната деветтата по ред Радовишка ликовна колонија, беше отворена вечерва во Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ во Кавадарци. Директорката на културниот дом, Јулијана Туруманџова рече дека стремежот кон приближување до светските современи ликовни тенденции, артикулирани преку апстрактниот пејзажизам и геометриската апстракција, ги обединува ликовните автори на делата претставени на оваа ликовна колонија.
- Ликовната колонија е под менторство на Душан Коцев, претседател на Здружение на ликовни уметници на Радовиш. На оваа колонија низ годините наназад учествувале познати имиња од странство, но и домашни уметници. Изработени се дела во повеќе техники, во маслена техника на платно, акрил на платно, комбинирана техника и акварел. Уметниците за време на ликовната колонија имаат создадено 33 дела различни по стил, различни по својата индивидуалност и реализација, подвлече Туриманџова.
Настанот беше реализиран со поддршка на локалната самоуправа, во рамките на Кавадаречко културно лето. свд/ев/
Фото: МИА