Во Кавадарци едукативни работилници со ученици за превенција од користење дрога
- Во организација на Црвен Крст Кавадарци, заедно со Отсек за превенција при СВР Велес-ОВР Кавадарци и Гимназија ,,Добри Даскалов", денеска беа реализирани три едукативни работилници со ученици
Кавадарци, 25 ноември 2022 (МИА) - Во организација на Црвен Крст Кавадарци, заедно со Отсек за превенција при СВР Велес-ОВР Кавадарци и Гимназија ,,Добри Даскалов", денеска беа реализирани три едукативни работилници со учениците од прва година.
Темата беше спречување на болестите на зависност, со акцент на превенцијата од користење дрога и психотропни супстанци.
- Претходно вакви едукативни работилници реализиравме и со средношколците од втора година средно образование. Целта е да се подигне свеста, за проблемите што со себе ги носат зависностите, особено зависностите од користење на дрога и психотропни супстанции. Заеднички упатуваме порака, „Не за пороците", појаснија од Црвениот крст.
Оттаму додадоа дека и понатаму, како и досега, продолжуваат со превентивни активности, со кои, нагласија, работат на терен врз едукацијата и превенцијата.
Притоа потсетија дека освен за средношколци, вршат превентивна едукација и на ученици од основните училишта, за превенција од пороци и стекнување навики за здрави животни стилови. Се споделуваат совети од долгогодишното искуство во работата на оваа проблематика. свд/цр