• четврток, 21 ноември 2024

Во Кавадарци беа одбележани 131 годинa од формирањето на Македонската револуционерна организација

Во Кавадарци беа одбележани 131 годинa од формирањето на Македонската револуционерна организација

Кавадарци, 23 октомври 2024 (МИА) - Со полагање цвеќе на спомен плоча во центарот на градот, денеска во Кавадарци беа одбележани 131 годинa од формирањето на Македонската револуционерна организација и Денот на македонската револуционерна борба. Историски час одржа Марија Михова, кустос историчар при Музеј галеријата. 

 - Македонската Револуционерна Организација (МРО), формирана е на 23 октомври 1893 година во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун, потсети Михова. 

Таа рече дека Организацијата, во својот развој носела различни имиња, а целта била по пат на вооружена борба да се извојува политичка автономија на Македонија и Одринско. 

- Основачите на Организацијата ја потенцирале независноста и самобитноста на Македонија, да се темели пред се на сопствени сили, да се стреми кон будењето на сознанието за самозаштита на поробениот македонски народ. За реализирање на сите овие задачи било неопходно брзо ширење и омасовување на Организацијата, потсети Михова. 

Таа додаде дека во средината на јули 1894 година, Кавадарци ја имал таа привилегија да биде прв град во Македонија, во кој бил формиран комитет на Револуционерната Организација на ТМОРО, по Солунскиот. свд/дма/


Фото : МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан