Во кавадаречки „Комуналец" предадени две нови возила за смет
- Две нови возила за смет беа предадени денеска во јавното претпријатие „Комуналец" во Кавадарци. Секое од возилата е со површина од четири кубни метри. Обезбедени се од Центар за развој на Вардарски плански регион, во соработка со Општина Кавадарци, преку апликација, од државниот буџет. Директорот на комуналното претпријатие, Гоце Ангеловски појасни дека се работи за возила што ке можат да влезат во тесни улички, како таканаречената крива чешма во градот, каде не можат да влезат стандардните камиони.
Кавадарци, 24 октомври 2025 (МИА) - Две нови возила за смет беа предадени денеска во јавното претпријатие „Комуналец" во Кавадарци. Секое од возилата е со површина од четири кубни метри. Обезбедени се од Центар за развој на Вардарски плански регион, во соработка со Општина Кавадарци, преку апликација, од државниот буџет. Директорот на комуналното претпријатие, Гоце Ангеловски појасни дека се работи за возила што ке можат да влезат во тесни улички, како таканаречената крива чешма во градот, каде не можат да влезат стандардните камиони.

- Сето ова ќе значи уште подобра услуга за кавадарчани, нагласи Ангеловски, кој се заблагодари за донацијата, до Вардарски плански регион и Општината.
Ангеловски потсети дека за две и пол години, како раководи со претпријатието, обезбедени се 20 возила.
Градоначалникот Митко Јанчев додаде дека ваквите возила се погодни и за јавни површини, како паркови, бидејќи секаде може да влезат.
- Досега сме еден од најчистите градови во Македонија, посочи градоначалникот, нагласувајќи дека тоа се однесува за урбаните, но и за руралните средини.
Јанчев посочи дека за одгодина прават план и за селекција на отпадот.
Честитајќи го третиот мандат на Јанчев како градоначалник, Сашо Мошев, претседател на Центар за развој на Вардарски плански регион, изрази надеж и за понатамошна соработка. Тој истакна дека со ваквите проекти се зајакнува соработката. свд/лв/
фото: МИА