• недела, 22 декември 2024

Во Италија со црвена боја против фемицидот

Во Италија со црвена боја против фемицидот

Рим, 26 јуни 2024 (МИА) – Активисти за женски права денеска во знак на протест против фемицидот истурија црвена боја на Шпанските скали во Рим, симболично претставувајќи ја крвта на жртвите од насилство.

Членови на движењето „Запали се“ (Bruciamo tutto) истурија канти со црвена боја по една од главните туристички атракции во Рим и оставија отпечатоци од рацете.

Ова е симболично прикажување на крвта на сите луѓе кои беа убиени. Тоа повеќе нема да го прифатиме. Мора веднаш да престане, изјави еден од активистите пред да биде приведен од полицијата.

Активистите тврдат дека бојата која нема да предизвика трајно оштетување на Шпанските скали.

Националната канцеларија за статистика објави дека во 2023 година во Италија биле убиени 120 жени. Повеќе од половина од сторителите на кривични дела се партнери или поранешни партнери на жртвите, а во околу 20 проценти од случаите сторителите се роднини. ми/

фото: Икс

Остани поврзан