• петок, 22 ноември 2024

Во источниот дел на Медитеранот исчезнаа 70 мигранти

Во источниот дел на Медитеранот исчезнаа 70 мигранти
Осло, 2 октомври 2021 (МИА) - Вкупно 70 мигранти, кои пред четири дена со брод тргнаа од либискиот брег кон Европа, исчезнаа во источниот дел на Средоземното Море. „Мигрантите неколку пати испратија пораки до Аларм фон“, објави на Твитер невладината организација, во која работат волонтери кои примаат телефонски повици од мигранти во неволја. Организацијата наведе дека последниот контакт со мигрантите бил додека тие се наоѓале во територијалните води на Малта во близина на италијанските води. Либија е главната рута за илјадници мигранти, претежно од субсахарскиот дел на Африка, кои се обидуваат да стигнат до Европа по морски пат. Повеќе од 1.360 мигранти загинаа во Средоземното Море од почетокот на годината, соопшти Меѓународната организација за миграција. паг/  

Остани поврзан