• четврток, 26 март 2026

Во Индонезија еруптираше вулканската планина Левотоби

Во Индонезија еруптираше вулканската планина Левотоби

Џакарта, 26 април 2025 (МИА) – Вулканската планина Левотоби, лоцирана во индонезиската провинција Источно Мали Сунди денеска еруптираше и исфрли пепел во висина до 3.500 метри, соопшти Агенцијата за вулканологија и ублажување од геолошки катастрофи.

Поради густите сиво-црни облаци од пепел на авионите им е забрането да летаат под 5.000 метри во близина на вулканот.

Во исто време е издадено и безбедносно предупредување до локалното население и туристите. Забранети се сите активности во радиус од шест километри од кратерот.

Планината Левотоби е висока 1.584 метри и е еден од 127 активни вулкани во Индонезија, земја која се наоѓа во така наречениот Тихоокеански огнен прстен, каде вулканската активност е честа појава. ми/

фото: Икс

Остани поврзан