• недела, 29 септември 2024

Во Индонезија во поплави и лизгање на земјиште загнаа 12 луѓе, 18 исчезнати

Во Индонезија во поплави и лизгање на земјиште загнаа 12 луѓе, 18 исчезнати

Манила, 8 јули 2024 (МИА) - Најмалку 12 лица загинаа, а 18 се водат за исчезнати откако силен дожд предизвика лизгање на земјиште за викендот во илегален рудник за злато на индонезискиот остров Сулавеси, соопштија денеска властите.

Загинаа рудари и жители кои живеат во близина на рудникот, изјави шефот на локалната агенција за спасување. Тој додаде дека петмина преживеани се евакуирани, а спасувачкиот тим денеска трага по 18 исчезнати лица. Во акцијата се ангажирани 164 спасувачи членови на националниот тим за спасување, полиција и воен персонал. зш/

Остани поврзан